Herba Natura

Rating 5.0 (average of 41 opinions)

ХЕРБА НАТУРА - Природна алтернатива за Вашето здравје Производите побарајте ги во Еурофарм и во други подобро снабдени аптеки. www.herbanatura.mk




ХЕРБА НАТУРА – Природна алтернатива за Вашето здравје.

Храната нека биде лек, а лекот нека биде храна!
ХИПОКРИТ

Златното време на антибиотиците, 1940-1960 година, влијаеше кај многу научници да поверуваат дека инфективните болести како причина на морбидитет и морталитет набрзо ќе влезат во историјата. Денеска, и покрај несомнениот успех по шеесетгодишната употреба на чудотворните лекови на дваесеттиот век, за прв пат микробиолозите и инфектолозите се свесни за можноста на иден нов “црн период” во борбата против микробите. Овој страв се должи на се поголемиот ризик од појавата на резистенција со еволуција на нови микроорганизми и со постојаната модификација на традиционално патогените бактерии како резултат на нивната пролонгирана експозиција на антибиотици.
Појавата и ширењето на бактериската резистенција е еден од најпроучуваните проблеми во светот последниве години.
Република Македонија се вбројува во земјите што најмногу трошат антибиотици во Европа и во регионот. Ваквата состојба е алармантна и влијае значително на зголемување на резистентноста на микроорганизмите (тука спаѓаат сите бактерии, вируси, фунги и паразити) на антибиотиците како лек.

Микроорганизмите кои се најчести причинители за инфекции кај луѓето во Македонија (дијареја, респираторни инфекции, менингитис, сексуално преносливи болести и интрахоспитални инфекции), се истите тие кај кои антимикробната резистенција е најчесто евидентирана.

Земајќи ја во предвид ваквата ситуација, како и несаканите дејства од фармацевтските лекови, препораките од надлежните институции и од Светската здравствена организација се дека треба да се свртиме кон природата и да ги користиме благодетите на билките и други супстанции кои се познати како природни антибиотици и антивиротици во народната медицина.
Токму затоа се одлучувме да понудиме производи кои претставуваат природна алтернатива на конвенционалните антибиотици, со што ќе овомозможиме природно здравје за нашите потрошувачи.

Со користењето на производите на ХЕРБА НАТУРА, кои се исклучиво од природно потекло, Вашиот организам ќе биде поотпорен на сите микроорганизми на кои сте изложени секојдневно.

Здравјето е Ваше право, а не привилегија. За да го зачувате Вашето здравје, придржувајте се до народната мудрост „Подобро да се спречи, отколку да се лечи„. Превентивната употреба на производите на ХЕРБА НАТУРА ќе го направи токму тоа, ќе го одржува Вашиот организам, Вашето тело и Вашиот дух здрави, а Вие ќе бидете среќни и полни со енергија. Доколку веќе имате здравствен проблем, пронајдете го вистинскиот начин да си го вратите Вашето здравје, во некој од природните производи на ХЕРБА НАТУРА.

Ваша,
Засекогаш и за Здравје,
ХЕРБА НАТУРА

    Health/Beauty, Baby Goods/Kids Goods

   +38971770007

   www.herbanatura.mk

      Facebook page

      ул. Сава Ковачевиќ 15 бр.344, Skopje, Macedonia

   
Monday
09:00-17:00
Tuesday
09:00-17:00
Wednesday
09:00-17:00
Thursday
09:00-17:00
Friday
09:00-17:00
Saturday
09:00-14:00
Sunday
Closed


Leave a comment




"Find your fav relax venue... in one click"