Aroma Macedonia

Rating 4.8 (average of 33 opinions)

Aroma Cosmetics Company




Компанијата е формирана пред 85 години, која денес претставува водечки европски производител на козметика и парфеми со долгогодишна традиција во индустријата. Нашите производи се продаваат во 56 држави на пет континенти. Предноста на 85- годишното искуство во производството на козметика и парфеми е употребата на напредна технологија и современа опрема.

Претпријатието произведува широк спектар на хигиенски, козметички производи и парфеми со природни состојки. Современата опрема во производствените погони и лаборатори, значајниот научен и човечки потенцијал и затворениот циклус на производство ни овозможи да нудиме производи со гарантиран постојан квалитет што ги исполнува светските барања и стандарди.

Нашиот тим кој е составен од специјалисти во оваа област, постојано работи на усовршување на производите. Постојаната комуникацијата меѓу луѓето, нивната посветеност и лојалност се изворот на успехот, виталноста и динамиката на компанијата.
Успехот на компанијата се должи пред се на постојаниот стремеж за развој, иновативност и претприемништвото на сите членови на нашиот тим.

Професионалниот менаџмент, постојаниот процес на иновација и модернизација допринесуваат АРОМА да прерасне во значаен производител не само на национално, туку и на меѓународно ниво. Компанијата е извозно ориентирана, и реализира над 70% од прометот на надворешните пазари. Таа е партнер од доверба, постојано гарантира висок квалитет на своите производи и редовно снабдување на клиентите.
Иновации

Производите на АРОМА се во согласност со последните светски трендови за еколошки начин на живот кои содржат исклучиво природни и еколошки состојки.

Сите производи на АРОМА се создадени од високо квалификувани професионалци на компанијата како резултат на долги истражувања и темелно научни анализи.

Во шесте современо опремени лаборатории на АРОМА се развива целиот спектар на хигиенски, козметички производи и парфеми: средства за хигиена на усната шуплина, средства за лична хигиена, производи за нега на кожата, бои за коса, парфеми и дезодоранси.

Создавањето на секој нов производ се спроведува по строго регулирана и стандардизирана технологија која вклучува првични истражување на пазарот, микробиолошки и клинички испитувања, лабораториски анализи; надворешни експертски проценки и кориснички тестови.
Во својата иновативна дејност експертите на компанијата ги покажуваат најновите достигнување на модерната индустрија за производство на парфеми и козметика.




ЗА ЛУЃЕТО И ПРИРОДАТА

Водечки ангажман за АРОМА претставува заштитата на здравјето на луѓето и животната средина:

- Производите на АРОМА содржат природни состојки;
- Сите производствени процеси на АРОМА ги задоволуваат барањата на меѓународните еколошки стандарди и се ориентирани кон постигнување на максимална безбедност за животната средина;
- За индивидуалните и групните пакувања на производи се користат картони со ниска содржина на целулоза;
- Централната лабораторија за контрола на квалитетот, лабораториите и во секој работилница експертите на компанијата применуваат шема на максимална контрола на квалитетот;

АРОМА има изградено стабилни партнерства со сигурни светски компании за снабдување на суровини и материјали.

ИДНИНАТА

Гаранција за идниот успех на АРОМА е новата бизнис филозофија, во центарот на која се наоѓаат нашите корисници. Ние веруваме дека само со добро подготвени и мотивирани вработени ќе постигнеме резултати, со кои можеме да се гордееме.

    Health/Beauty

   +389 (2) 2462 090

   awt@awt.mk

   www.awt.mk

      Facebook page

   
Monday
09:00-17:00
Tuesday
09:00-17:00
Wednesday
09:00-17:00
Thursday
09:00-17:00
Friday
09:00-17:00
Saturday
Closed
Sunday
Closed


Leave a comment




"Find your fav relax venue... in one click"