Kangoo Club Stip - Where Fit meets Fun

Kangoo Jumps е фитнес кој досега докажано троши најмногу калории.




Kangoo Jumps - Power Program, мотивационен тренинг, вистинска забава! НАСКОРО ВО ШТИП!
Kangoo Power е експлозивна, високо мотивирачки програма, специјално дизајниранa за да го предизвика целото тело во градење на мускулна сила и кардио-респираторна издржливост.
Секое движење е дизајнирано за да може да се фокусира на стабилноста на `рбетот, да се обезбеди стабилност и баланс за време на тренингот што ќе ги предизвика па дури и најдобрите. Основните потези се лесни да се следат и да се вршат со зголемена комплексност и интензитет, кои во текот на тренингот се соединуваат заедно и се создава кореографија. Оваа програма одговара на сите, без разлика на тежината и здравствените проблеми, можат да ја работат сите, па дури и луѓе со проблеми на колената ( освен бремени жени). Kangoo Power програмата се вежба со помош на отскокнувачки чевли кои го држат вашето тело исправено и во баланс, ве заштитуваат од повреди и го зголемуваат скокот.
"Скокај од радост" не е само израз , го опишува чувството на еуфорија, на силата и леснотијата која секое лице може да ја доживее додека вежба со забавните отскокнувачки канго чевли. Оваа состојба на свеста придружена со скокови може да го подобри животот на секој човек, правејки го радосен без разлика на годините и неговата физичка спремност.
Kangoo Jumps отскокнувачките чевли биле проучувани од Др. Мортон Вокер кој ги објавил во неговата книга "Скокање за здравје", каде што објавил 30 специфични анти-стрес придобивки од овој забавен фитнес.
Kangoo Jumps е фитнес кој досега докажано троши најмногу калории. Вашето тело не е уморно, напротив, со помош на отскокнувачките чевли вашето тело се релаксира и ослободува од стрес, лачејќи хормон на среќа - ендорфин.

    Palestra

   +38978582448

      Facebook

      GetFit, Stip, Republic of Macedonia

  Estacionamiento interno

   
Lunes
17:00-22:00
Martes
17:00-22:00
Miércoles
17:00-22:00
Jueves
17:00-22:00
Viernes
17:00-22:00
Sabado
17:00-22:00
Domingo
Cerrado


Deje su comentario




"Relájate... con un clic"